Извор во Министерството за одбрана на РФ: Нема никакво распоредување на руски борбени авиони во Сирија

Борбената авијација на Воздухопловните сили на Русија се наоѓа на аеродромите за постојано базирање и во реоните за извршување на задачите согласно планот за обука на војската и вршење борбено дежурство, изјави за RT извор во Министерството за одбрана на РФ.

Министерството за одбрана ја коментираше веста на израелските медиуми за пристигнувањето на руски борбени авиони во Сирија за нанесување воздушни удари врз „Исламската држава“.

„Никаква дислокација на руски борбени авиони во Сириската Арапска Република не е извршена. Борбената авијација на ВВС Русија се наоѓа на аеродромите за постојано базирање и во реоните за извршување на задачите согласно планот за обука на војската и вршење борбено дежурство“, се вели во коментарот на изворот во Министерството за одбрана на РФ даден за RT.

Претходно израелското издание на Ynetnews повикувајќи се на дипломатски извори соопшти дека во Сирија наводно пристигаат руски авиони за да се приклучат на нанесувањето воздушни удари врз силите на ИД.

Изворите на изданието соопштија дека руски војници и авиотехника наводно веќе се наоѓаат во една од авиобазите под контрола на сириската влада во околината на Дамаск. Се претпоставува дека „веќе префрлените“ јуришни авиони и хеликоптери ќе бидат активирани во борбата против „Исламската држава“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња