Русија за половина година го намали увозот на санкционирани производи за 46%

Русија во првата половина од оваа година го намали увозот на производи кои се најдоа на списокот со санкции за 46% во споредба со истиот период од минатата година, се вели во извештајот на Министерството за економски развој.

Русија во првата половина од оваа година го намали увозот на производи кои се најдоа на списокот со санкции за 46% во споредба со истиот период од минатата година, се вели во извештајот на Министерството за економски развој, пишува „Взгљад“.

Најголем пад е забележан во набавката на млечни производи, пред сѐ кај кашкавалите и путерот, како и кај месото и рибата, јаболката, крушите и дуњите.

Така, според податоците на Федералната царинска служба, увозот на месо се намалил на 962 милиони долари наспроти 1,719 милијарда долари во првото полугодие од минатата година, на риба – на 447 милиони долари наспроти 988 милиони, на млеко и путер – 196 милиони долари наспроти 343 милиони долари. Изразено во проценти, набавката на месо од странство се намалила за 33,5%, на риба – за 44,7%, пренесува „Интерфакс“.

Европските економисти веќе ја пресметаа штетата што ќе ја претрпие ЕУ од обидите за изолација на Русија: таа изнесува не помалку од 100 милијарди евра и 2 милиони работни места. Најмногу од сите ќе настрада Германија, која ќе загуби 27 милијарди и половина милион работни места, а БДП-то ќе се намали за 1%. На второ место е Италија со 200 илјади работни места и 0,9% БДП, на трето Франција со 150 илјади работни места и 0,5% понизок БДП.

Од јануари до јули руската економија опадна за 3,6% во споредба со истиот период од минатата. Истовремено во јули БДП-то се намали за 4,6% ( во споредба со јули 2014). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.