Воздушно-космичките сили (ВКС) на РФ до 2020 година ќе добијат речиси илјада нови авиони и хеликоптери, изјави во средата во програмата на „Русија-24“ командантот на Воздушно-космичките сили генерал-полковнник Виктор Бондарев.
„Од 1992 година до 2012 година ВВС практично ништо не добиваа – имаше единици техника, и тоа не сосем современа. Од 2012 година добивме веќе над 300 авиони и хеликоптери, а оваа година уште околу апсолутно нови 150 авиони и хеликоптери, и до 2020 година тој број ќе го доведеме до речиси 1 илјада нови авиони и хеликоптери, плус ќе има и модернизирани авиони и хеликоптери“, рече Бондарев.
Тој истакна дека на тој начин до 2020 година уделот на новата техника во ВКС ќе изнесува 70%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче