Медиуми: САД имаат намера да се борат против „руската пропаганда“ во Балтикот

Проектот, предвиден за една година, ќе биде предвиден за рускојазични репортери во Литванија со цел спротивставување на руските медиуми, пишува „Известија“.

Американската амбасада во Литванија објави грант во износ од 500 илјади долари за рускојазични репортери, соопштува „Известија“. Проектот што ќе трае една година, до 30 ноември 2016, се вика „Тренинг за истражувачко новинарство за спротивставување на руската комуникација во земјите на Балтикот“.  

Проектот се однесува на сите прибалтички држави, а координатор е амбасадата на САД во Литванија. Во текот на тренингот за учесниците на проектот се предвидени семинари за обука и научни патувања во САД.

Стејт департментот на САД сака да создаде систем на врски меѓу учесниците во проектот од трите балтички земји и „американските наставници, експерти, контакти“ со цел „проширување на аудиториумот и кругот извори“. Одделно се потенцира дека на учесниците во тренингот со „реалистични идеи за истражувачки проекти“ ќе им бидат доделени парични награди.

„На Запад веќе одамна се води дискусија за тоа дека веќе ја губи информативната војна.  (…) Затоа имаше такви изјави дека треба да се одвојат големи пари за создавање рускојазичен медиум за борба против руските информативни канали. Во рамките на таквите дискусии и се реализира тој проект во Прибалтикот“, ја коментираше ситуацијата за„ИЗвестија“ политикологот Андраник Миграњан.

Претставникот на амбасадата на САД во Литванија Рима Видмантас одби да даде коментар за „Известија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња