Уљукаев: РФ ќе го задржи производственото ембарго во случај на продолжување на санкциите на ЕУ

Министерството за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев истакна дека во случај на продолжување на санкциите против Русија, Москва ќе ја задржи статус-кво ситуацијата, но додаде дека ембаргото за европски производи ќе биде продолжено.

Првиот човек на министерството за економски развој на РФ  Алексеј Уљукаев го смета за возможно продолжувањето на производственото ембарго на РФ како симетричен одговор на продолжувањето на режимот санкции на ЕУ, односно дека нема да бидат воведени нови контрамерки.

„Јас мислам, да. Едноставно ќе ја задржиме статус-кво позицијата. Производственото ембарго, воведено како одговор на режимот санкции од минатата година... Ако режимот санкции продолжи, ќе продолжи и производственото ембарго, се разбира дека тоа е симетрична мерка. Таа може да биде продолжена со мали нијанси“, изјави министерот за РИА „Новости“.

Истовремено тој изрази сомнеж по повод воведувањето од страна на Русија на санкции во други гранки како одговор на политиката на ЕУ. „Не ми се верува“, изјави Уљукаев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња