Путин: Русија никој нема да успее да ја прекрои по свои мерки

Идеалот на патриотизмот е толку силен во Русија што никому нема да му појде од рака да ја „декодира нашата земја“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на доделувањето на државните награди по повод Денот на Русија“, пренесува „Взгљад“.

„Тие идеи се толку длабоки и силни, што никој никогаш не успеал, ниту ќе успее да ја декодира Русија и да ја прекрои според свои мерки“, изјави Путин. „Невозможно е да нѐ одвојат, оттргнат и да изолираат од нашите изворни корени и потеклото“, смета рускиот претседател.

 „Русија не само што успеа чесно да ги надмине најтешките искушенија и за четвртина век реализира успешен продор во демократијата и пазарната економија, туку успеа и да се етаблира како современа и самостојна држава“, изјави претседателот на РФ.

Рускиот лидер истакна дека е успешно сочувана суштината на руската држава, единствената етничка разновидност, историското единство, вековните традиции, посветеноста кон татковината, храброста да се брани и штити нејзината слобода, независност и интересите.

„Претпоставувам дека ќе се согласите со мене дека во последно време нашата земја покажа дека може да биде сложна и ако продолжиме и во иднина да се движиме во тој правец, неизбежно нѐ очекува успех“, рече Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.