Борбениот робот до крајот на годината ќе научи да трча

Борбениот робот-андроид, проектиран од руски научници, до крајот на годината ќе може да трча и да преминува пречки, изјави генералниот директор на рускиот Фонд за перспективни истражувања Андреј Григорјев, пренесува РИА „Новости”.

Борбениот робот-андроид, проектиран од руски научници, до крајот на годината ќе може да трча и да преминува пречки, изјави генералниот директор на рускиот Фонд за перспективни истражувања Андреј Григорјев, пренесува РИА „Новости”.

„Борбениот робот-андроид, според нашите планови до крајот на годината ќе научи да трча како човек, да преминува пречки и исполнува други задачи. Неговата намена е делување во многу опасни услови каде што е потребно присуство на човек, но со далечински систем на управување. Целта е лицето да се наоѓа во нормални услови, а роботот во опасна зона“, рече  Григорјев.

Според неговите зборови, роботот ќе може да се користи при деминирање на терен и други опасни задачи кои не бараат особено прецизно однесување. Тој додаде дека роботот „не е наменет да трча со автомат“, затоа што за тоа постојат платформи со гасеници и на тркала кои успешно ги решаваат таквите задачи.  

Кон крајот на април Обединетата корпорација за производство на уреди соопшти дека Одбранбената индустрија на Русија за околу пет години ќе ја снабди војската со воени егзоскелети кои значително ќе ја зголемат физичката способност на војниците. Во борбени услови војниците со мислите ќе управуваат со егзоселетите и со нивна помош ќе можат да носат од 200 до 300 кг опрема. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња