Косачов: Берлин ќе го има одлучувачкиот глас во врска со антируските санкции на самитот на Г-7

Одлуката на самитот на Г-7 за тоа каква ќе биде соработката со Русија зависи од ставот на Германија, смета претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Константин Косачов, пренесува „Взгљад“.

Одлуката на самитот на Г-7 за тоа каква ќе биде соработката со Русија зависи од ставот на Германија, смета претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Константин Косачов, пренесува „Взгљад“.

„На денешниот самит ставовите ќе бидат поделени на овој начин: Англосаксонците (САД, Канада, Велика Британија) ќе бидат за заострување на санкциите и одвраќање на Русија со помош на проширувањето на НАТО, а прва за пристапување е Црна Гора. Потоа, зголемувањето на воените активности на Алијансата на руските граници и распоредување на нови ракети со среден и краток дострел во Европа, под изговор дека Русија ја крши Спогодбата за ракетите со среден и краток дострел“, напиша Косачов на својот Фејсбук-профил.  

„Французите, Италијанците и Јапонците, напротив, ќе бидат за тоа режимот со санкции да се олабави. И не затоа што тие поинаку ја оценуваат ситуацијата, туку затоа што тие, за разлика од Англосаксонците, имаат големи издатоци поради санкциите и не гледаат смисла во понатамошна конфронтација со Русија“, пишува Косачов.

Како што смета тој, ваквиот распоред на страните „за и против“ санкциите на учесниците на самитот на Г-7 доведува до тоа одлучувачка улога во решавањето на ситуацијата со изедначен резултат да има Германија. „Три-три. Останува Германија која ќе го постави својот тег на вагата“.

Според неговите зборови, штетата што ја донесоа антируските санкции сѐ повеќе се чувствува во германската економија. Извозот на Германија во Русија се намали за трипати, наведува Косачов, додавајќи дека товар на издржување на Украина која банкротираше првенствено паѓа врз Германија. „Германија има своја вага: трансатлантска солидарност или шанса за обединување на Европа. Таа има и своја одговорност, затоа што е домаќин на средбата, која ќе влезе во историјата или како средба на која е создаден нов систем на меѓународни односи, или како среда која остана во историјата на студената војна“, смета претседателот на комитетот.  

Косачов на крајот на своето излагање се прашува дали ѝ е во интерес на Германија „да остане со Американците заглавена во минатото, или со Европејците да создава заедничка иднина“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња