Ловци-бомбардери Су-24 на Црноморската флота го натерале разурнувачот „Рос“ на американската морнарица да се повлече во неутрални води во источниот дел на Црното море, затоа што екипажот на американскиот брод се однесувал провокативно, изјави извор од безбедносните структури на Крим, пренесува РИА „Новости”.
Американскиот разурнувач вплови во Црното море за да ги реализира зададените вежби. По излегувањето од романското пристаниште Констанца, воениот брод тргна во правец на територијалните води на Русија и пловеше по должината на руската граница.
„Екипажот на бродот се однесуваше провокативно и агресивно, што предизвика загриженост кај операторите на станицата за следење и екипажите на бродовите на Црноморската флота кои ги извршуваа своите задачи во Црното море. Беше дадена команда на ловците-бомбардери „Су-24“ да полетаат и да му покажат на американскиот екипаж дека се подготвени да го спречат секое нарушување на границите и да ги штитат интересите на државата. Разурнувачот нагло се сврте и отплови во неутрални води во источниот дел на Црното море. Изгледа дека Американците не го заборавија инцидентот од април 2014 година кога Су-24 фактички ја „изгаси“ сета апаратура на најновиот американски разурнувач „Доналд Кук“, тврди изворот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче