Експерт: Груевски е принуден да се прилагодува

Груевски суштински не го промени своето гледиште во однос на „Турски тек“, но е принуден да се „прилагодува на оние кои му вршат притисок“, смета Елена Гускова, раководител на Центарот за проучување на современата балканска криза на Институтот за славистика на Руската академија на науки и академик на Српската академија на науки и уметности.

„Се работи за истото гледиште кое е само изразено на поинаков начин. Груевски порано зборуваше дека нема причина да не го разгледува тоа прашање, теоретски согласувајќи се на можноста за учество во „Турски тек“. А сега вели дека нема ништо против, но дека Русија првин треба да се договори со Европската унија“, изјави Гускова за весникот „Взгљад“.

Според нејзините зборови, ситуацијата во Македонија е толку тешка што премиерот најпрвин мора да размисли за нормализација на односите со опозицијата и со Албанците, па „денес прашањето за „Турски тек“ се наоѓа во втор план“.

„Договорот за „Турски тек“ ниту со Турција не е до крај потпишан. Груевски воопшто не ни можеше да зборува за нешто конкретно, затоа што спогодбата е само најавена. И премиерот се согласува дека тоа е поволно за Македонија. Очигледно е дека се одржани преговори со Европската унија и денес ова прашање за него е повлечено во втор план. Денес се доведени  во прашање стабилноста и постоењето на самата Македонија“, уверена е експертот.

Премиерот на Македонија Никола Груевски, чија оставка ја бараат демонстрантите, претходно изјави дека Македонија ќе се приклучи на „Турски тек“ откако Москва и Брисел ќе постигнат договор за овој гасовод. Исто така, тој истакна дека евроатлантските интеграции се цел на Македонија и дека заради тоа земјата ги донесува сите стратешки одлуки имајќи ја предвид оваа цел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.