Во Русија создадена вештачка интелигенција врз база на машко размислување

Во Русија е направена револуционерна вештачка интелигенција која може да управува со автомобили и авиони, како и да донесува одлука врз база на машко размислување, изјави професорот на Московскиот државен саобраќајно-технички универзитет Олег Варламов.

Во Русија е направена револуционерна вештачка интелигенција која може да управува со автомобили и авиони, како и да донесува одлука врз база на машко размислување, изјави професорот на Московскиот државен саобраќајно-технички универзитет Олег Варламов.

Како што изјави рускиот научник за „Росијскаја газета”, новата интелигенција која нема своја аналогија во светот, веќе сега  може да решава училишни задачи од геометрија за 7 одделение, а според неговите зборови, во иднина е планирано програмта да ги научи одговорите за завршните училишни испити.

Вештачката интелигенција е способна да ги аргументира своите одлуки, како и да ги коригигира, во случај на промена на условите. Таа, исто така, ќе послужи како база за создавање на глобални информатички системи кои секогаш ќе бидат достапни за додавање нови податоци.  

Овој изум е проектиран на база на машко размислување, а во план е да се создаде и интелигенција која ќе може да го репродуцира и размислувањето на жената.   

„Засега програмата не е способна за емоции, но во иднина тоа ќе биде реално, како и нејзиното приспособување на женската логика која, според мислењето на многумина научници, е многу посложена од машката. Највисокото ниво ќе биде постигнато кога интелигенцијата ќе биде способна да се шегува како човек“, рече Варламов.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња