Железничкиот сообраќај меѓу Русија и Естонија запрен

Естонската железничка компанија „GoRail” го запре сообраќајот со возови на линијата Талин – Москва, пренесува агенцијата „Интерфакс”.

Естонската железничка компанија „GoRail” го запре сообраќајот со возови на линијата Талин – Москва, пренесува  агенцијата „Интерфакс”. Оваа маршрута вчера ја помина последниот воз.  

Одлуката за запирање на железничкиот сообраќај, раководството на компанијата ја донело поради намалување на бројот на туристи од Русија. На овој начин приватната компанија сака да ги намали загубите, пренесува „Росијскаја газета”. Пред една недела компанијата го запре сообраќањето на возовите на линијата Талин – Санкт Петербург.

Меѓутоа, државната компанија „Естонски железници“ изрази подготвеност да го преземе сообраќањето на линијата Талин-Москва. Таа преговара со „Руски железници” за обнова на сообраќајот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња