Одбранбената индустрија на Русија за околу 5 години ќе ја снабди војската со воени егзоскелети кои значително ќе ја зголемат физичката способност на војниците, соопшти раководителот на Одделот за развој и производство на медицински инструменти при Обединетата корпорација за производство на уреди Александар Кулиш, пренесува ТАСС.
„Неурон интерфејс“ најверојатно ќе се појави за 5 години. Со помош на овој уред и електричните потенцијали на мозокот, ќе биде можно да се управува со егзоскелети и протези“, изјави Кулиш.
Во борбени услови војниците со мислите ќе управуваат со егзоскелетите и со нивна помош ќе бидат во состојба да носат од 200 до 300 кг опрема. Според зборовите на Кулиш, војската со овој уред во иднина ќе може да прави „неверојатни скокови“, како и да преместува и фрла тешки предмети.
Кулиш е уверен дека за овој вид технологија ќе има побарувачка, нагласувајќи дека таа ќе се произведува во серии во случај на нарачка од страна на Министерството за одбрана на РФ.
Доколку се достигнат потребниот квалитет и прецизност, со помош на овие уреди ќе биде можно да се преместуваат предмети, да се управуваат автомобили и беспилотни летала, изјави Кулиш.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче