Над 700 странски војници ќе учествуваат во парадата на Црвениот плоштад

Над 700 странски војници ќе учествуваат во воената парада во Москва по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна, изјави командантот на копнените сили на РФ генерал-полковник Олег Саљуков, пренесува „Интерфакс“.

„Се очекуваат десет парадни единици составени од вкупно 732 војници од секоја од странските земји кои го потврдија своето учество во парадата“, изјави генералот.

Странските единици ќе пристигнат на полигонот за обука во Алабино на 25 април за да се подготват за парадата, а ќе ја напуштат Русија на 10 мај.

Повеќе од 15000 војници и над 190 артилериски и воени возила ќе земат учество во парадата. „Вкупно 15440 лица ќе учествуваат во парадата по повод 70-годишнината од Победата, вклучувајќи ги и претставниците на странските армии, како и 190 артилериски и воени возила и 143 летала“, изјави генералот Саљуков.

Сценариото за парадата ќе се состои од историски и модерни делови, рече Саљуков.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња