Рускиот претставник во НАТО потсети на хибридните војни во Југославија, Ирак и Либија

Постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко потсети на хибридните војни кои Алијансата ги водеше во поранешна Југославија, во Ирак и во Либија, пишува „Взгљад“.

Постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко го потсети командантот на вооружените сили на НАТО во Европа Филип Бридлав за хибридните војни кои Алијансата ги водеше во поранешна Југославија, во Ирак и во Либија.

„Генералот Филип Бридлав е во право: хибридна војна е „збир инструменти кои се применуваа и порано“, меѓу другото и во текот на воената кампања во Ирак, НАТО-бомбардирањето на поранешна Југославија и интервенцијата во Либија“, изјави Грушко, пренесува „Взгљад“.

„НАТО тешко дека може да тврди дека има право на „вистина“. Во многу случаи одлуките и активностите на Алијансата се базираа на политички монтирани „верзии“, се вели во соопштението на постојаното претставништво на Русија во НАТО објавено на Твитер.

Бридлав повторно ја обвини Русија за водење хибридна војна во Украина во текот на својот настап на Бриселскиот форум во неделата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња