Резолуцијата на Европскиот парламент за Русија, усвоена на 12 март, „нанесува директна штета на обидите да се врати ситуацијата во Европа во нормален колосек“. Ова го изјави денеска официјалниот претставник на МНР РФ Александар Лукашевич, пренесува ТАСС.
„Целиот „опус“ може да се оцени како уште еден производ подготвен од русофопското мнозинство европратеници, истакна тој. Како и обично, се доби една апсурдно измешана компилација од лаги и отворено извртување на фактите. Само болна фантазија може да види врска меѓу сижети кои немаат ништо заедничко во една карма-каша што ја сервираат во Стразбур“.
Според Лукашевич, како поинаку освен врв на цинизмот може да се нарече и тоа што „овие луѓе не бегаат дури ни од шпекулации за трагичната смрт на човек за себични политички цели“.
„Очигледно, ова е своевиден „потег со коњ“ во предвечерјето на претстојните европски настани – заседанието на Советот на ЕУ и Европскиот совет, истакна дипломатот. – Не се сомневам дека како додаток на овие настани на мислењето на Европскиот парламент ќе му се придружат и милитантните неонацисти во Украина. За жал, гласот на здраворазумните сили во Европарламентот се губат во хистеричниот хор од искомплексирани пратенци оптоварени на генетско ниво со серија историски неуспеси во руски правец“.
„Со резолуции од ваков вид, додаде тој, Европскиот парламент не само што го девалвира своето значење, туку и им нанесува директна штета на обидите да се врати ситуацијата во Европа во нормален колосек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче