Полски медиуми: Бродовите на НАТО во Црното море се цел на руските воени вежби

Руските авиони изведуваат симулирани напади користејќи ги како мети бродовите на НАТО во Црното море, пишува полскиот интернет-магазин „Впрост“

Руските авиони изведуваат симулирани напади користејќи ги како мети бродовите на НАТО во Црното море, пишува полскиот интернет-магазин „Впрост“ (Wprost), повикувајќи се на TVN24. Според информациите, военото воздухопловство на Русија ги користи бојните бродови на Алијансата како мети во вежбата „потопување“.

„Ловците Су-30 и бомбардерите Су-24, кои се стационирани на Крим, на 3 март реализираа симулиран напад врз американскиот крстосувач „УСС Виксбург“ и врз турската фрегата „Тургут Реис“, пишува „Впрост“.

„Целта на маневрите беше проверка на механизмите „совладување на противвоздушната одбрана“ на крстосувачот и на фрегатата, т.е. максимално приближување до бродовите со цел ефикасен напад. На крај Русите ги надлетаа сите бродови на НАТО“, заклучува полскиот магазин.

Минатата година сличен инцидент се случи со разурнувачот „Доналд Кук“ кој исто така вплови во екваторијата на Црното море. Тогаш руски бомбардер Су-24 го употреби против американскиот брод системот за електронска борба „Хибини“ кој го наруши функционирањето на електронскиот систем за управување со вооружувањето „Иџис“ (Aegis), по што 12 пати изведе симулиран напад вез незаштитениот брод.

 

Во средата бродови на НАТО впловија во Црното море за да учествуваат во заедничките вежби со морнариците на Бугарија, Романија и Турција. Предвидени се противвоздушни и противподморнички вежби, како и симулација на напади врз мали пловила и основни маневри за управување со бродови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња