Анкета: Близу 60% од Русите се против влегување на руска војска во Донбас

Според анкета, близу 60% се против влегување на руска војска во Донбас во случај на заострување на конфликтот, соопштува INTERFAX.RU.

Конфликтот на југоистокот на Украина ќе доведе самопрогласените Донецка и Луганска република да постојат како независни држави, слично на Приднестровје, Абхазија и Јужна Осетија, сметаат 38% Руси, анкетирани од социолози. Истовремено 60% се против влегување на руска војска во Донбас во случај на заострување на конфликтот, соопштува INTERFAX.RU.

Приврзаници на ваквото сценарио има повеќе во споредба со септември минатата година за 30%, покажа анкетата, спроведена од 20-23 февруари на 1600 лица во 134 населени места на 46 региони на РФ.

Секој петти (18%) смета дека ДНР и ЛНР ќе останат во состав на Украина врз основа за широка автономија.

Дека конфликтот ќе трае со години, слично на палестинско-израелскиот конфликт, убедени се 12% Руси. Влегување на регионите во состав на Русија прогнозираат 9%, а уште 3% сметаат дека Донецката и Луганската област ќе останат со Украина како обични региони.

Се двоумеле со одговорот 20% испитаници.

Според анкетата, мнозинството Руси (60%) не се согласуваат со мислењето дека меѓу Русија и Украина се води војна, 34% се согласуваат, 7% се двоумеле.

Во случај на обнова на воените дејствија на југоистокот на Украина, таму не треба да влегува руска војска, убедени се 60%  испитаници. Секој четврти (25%) гледа потреба од тоа, 16% се двоумеле да одговорат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња