ВМФ на Русија ќе го добие првиот брод од композитни материјали

Воено-морската флота на Русија во ноември 2015 година ќе го добие првиот брод наполно изграден од композитни материјали.

Воено-морската флота на Русија во ноември 2015 година ќе го добие првиот брод наполно изграден од композитни материјали. За ова информира ТАСС повикувајќи се на началникот на управата за бродоградежништво на ВМФ капетанот 1 класа Владимир Трјапичников.

Водечкиот брод за противминска одбрана од новата генерација „Александар Обухов“ од проектот 12700 почна со првичните испитувања во закотвена положба. Се планира испитувањата на бродот на отворено море да започнат во јуни, а конечните – во септември.

Претставникот на прес-службата на Министерството за одбрана капетанот 1 класа  Игор Дигало информира дека бродот има „уникатен, најголем корпус на светот од монолитен, немагнетски материјал, направен со метода на вакуумска инфузија“. Според неговите зборови, во руското воено бродоградежништво оваа технологија се применува првпат.

 „Александар Обухов“ беше изграден во Средно-Невскиот бродоградежен завод во Санкт-Петербурх по нарачка на ВМФ на Русија. Тој претставува прв чистач на мини кој наполно се состои од композитни материјали. Бродот е наменет за пребарување и уништување на мини во водите на воено-поморските бази на растојание безбедно за бродот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња