Шефовите на МНР на земјите од ЕУ ги продолжија санкциите против Русија

Шефовите на МНР на земјите од Еу донесоа одлука да го продолжат за шест месеци дејството на санкциите против Русија и борците од Донбас. За ова во четвртокот, 29 јануари, извести Ројтерс.

Шефовите на МНР на земјите од Еу донесоа одлука да го продолжат за шест месеци дејството на санкциите против Русија и борците од Донбас.  За ова во четвртокот, 29 јануари, извести Ројтерс.

„Постои барање да се дадат предлози Советот на ЕУ за меѓународни работи да може да донесе одлука на 9 февруари“, го цитира изворот РИА новости. Според официјалниот претставник на шефицата на европската дипломатија Фердерика Могерини, министрите треба да дадат предлози за проширување на црната листа на физички и правни лица одговорни за ескалацијата на конфликтот на југоистокот на Украина.

Станува збор за санкциите кои важат до 17 март и за кои се очекуваше решение по истекувањето на овој период. Меѓутоа, како што истакнува Ројтерс, заострувањето на ситуацијата на југоистокот на Украина доведе до префрлање на дискусијата за продолжување на рестриктивните мерки. Според шефовите на МНР на земјите од ЕУ, одговор на гранатирањето на украинскиот град Мариупољ (Киев ја обвини Москва за вмешаност во тој напад) треба да биде продолжувањето на санкциите и воведување нови, пожестоки рестриктивни мерки.

Во врска со присоединувањето на Крим кон во март минатата година низа земји, особено ЕУ и САД, воведоа против Москва санкции во однос на руските политичари и бизнисмени.  Потоа поради позицијата на Кремљ околу украинскиот конфликт црните листи беа проширени. Покрај тоа, санкциите беа  применети и врз некои сектори на руската економија. Како одговор на тоа Москва забрани увоз на прехранбени продукти од земјите на ЕУ, како и од САД, Австралија, Канада и Норвешка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.