Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека една од стратешките задачи кои стојат пред владата е обезбедувањето високи темпа на раст на економијата, пренесува РИА Новости.
Покрај тоа, меѓу основните приоритети шефот на државата го наведе зголемувањето на продуктивноста. “Ние сме должни да го надминеме притисокот на надворешните фактори на сметка на зајакнуваењето на економскиот и финансискиот суверенитет“, изјави Путин.
Претседателот исто така повика да се предвидува појавата на криза, а не „да се живее во логика на исчекување“. „Тоа е тапкање во место, одложување на решението за подоцна само за да се додадат усложнувања во самите региони и во земјата во целина“, истакна тој.
Владата на Русија во средата, 28 јануари, го претстави антикризниот план. Документот во целост беше одобрен од претседателот на Русија. Притоа Путин изјавуваше дека земјата треба самостојно да создава услови за економски раст.
Согласно планот, голем дел од расходите во буџетот ќе бидат скратени за 10 проценти. Без промени ќе останат трошоците за одбрана, земјоделство и социјални обврски. Исто така, за борба со невработеноста ќе бидат потрошени 82,2 милијарди рубли.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче