Руската делегација исклучена од заседанието на Бирото на ПССЕ

Претставниците на Русија поради санкциите кои беа воведени во април минатата година не учествуваат на заседанието на Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), изјави претседателот на комитетот на Државната дума за прашања на Заедницата на независни држави Леонид Слуцки, кој пристигна во Стразбур во составот на руската делегација.

„Одземено ни е правото да учествуваме во раководните органи и затоа нашите ги нема на заседанието на Бирото“, изјави Слуцки, а пренесува РИА „Новости“. 

Претходно претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков изјави дека делегацијата на Русија во Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се спротивстави на обидите да се оспорат овластувањата на Русија на зимското заседание. Бирото на ПССЕ го сочинуваат претседателот на Собранието, потпретседателите и претседавачите на 5 политички групи во ПССЕ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња