Анкета: Русите сакаат да го видат Путин за претседател и по 2018

Повеќе од половината од граѓаните на Русија би сакале да го видат Владимир Путин за претседател и по 2018 година, соопштува Левада-центарот.

Повеќе од половината од граѓаните на Русија би сакале да го видат Владимир Путин за претседател и по 2018 година, соопштува Левада-центарот.

Според анкетата, одржана од 19 до 22 декември 2014, 55% од населението на државата би сакало Путин повторно да биде претседател по 2018 година. 18% од населението смета дека по 2018 година треба некој друг да биде претседател, а 10% сметаат дека на власт треба да дојде ново лице, предложено од страна на Владимир Путин.

Освен тоа, 54% од Русите се уверени дека во Русија во моментов нема човек кој би можел да го замени Путин, а 24% од испитаниците сметаат дека може да се најде човек кој може да го замени Владимир Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња