По средбата меѓу претседателот на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Ердоган Европската унија започна да врши сѐ поголем притисок врз Турција. Делегација на Европската унија, во чиј состав се најде и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, ја посети Анкара на 9-ти декември и отворено ја повика Турција да биде „пријател на Брисел“, и да не ја злоупотребува новонастанатата ситуација заради стекнување на сопствена корист, јавуваат руските медиуми.
![]() |
Русија ја прави ЕУ зависна од Турција |
Како што пренесуваат западните медиуми, Могерини ја посети Турција со цел да ја убеди земјата да воведе санкции против Русија. Најмалку што се очекува од оваа посета е согласност на турската влада да не извезува во Русија производи за кои е воведена забрана за увоз од земјите на Европската унија.
„Турција има големо значење во регионот. Ако успееме да ја соединиме улогата на Турција со улогата која ја има ЕУ, ќе можеме да напредуваме во решавањето на кризата, особено на сириската криза. Ние и понатаму праќаме во Турција хуманитарна помош, и ќе издвоиме 70 милиони евра за помош на бегалците“, нагласи Могерини.
Медиумите ја наведуваат и изјавата на турскиот министер за енергетика Танер Јилгиз, кој изјави дека Турција нема да избира меѓу Русија и ЕУ. „Турција настојува да го зголеми извозот на земјоделски производи. За нас Русија е повеќе отколку една од соседните држави“, нагласи министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче