Рускиот патријарх Кирил ги повика руските граѓани да земат пример од херојските предци и да издржат пред санкциите против Русија, пренесува „Интерфакс“.
„На Русија надворешните непријатели никогаш не ѝ биле страшни, и ние нив ги победувавме дури и тогаш кога сме биле и послаби. Најстрашно е да се има чиста свест и срце. Како што нашите предци успеаја да ги надминат сите тешкотии, како што можеле да ги мобилизираат своите сили за отпор против секоја опасност, така и денешното поколение Руси не треба да биде духовно послаби“, изјави патријархот после литургијата во Успенскиот собор во Кремљ.
Според патријархот Кирил, антируските санкции се насочени кон „уништувањето на мислата за националното, заедничкото, кон тоа ‘секој да мисли за себе’“. Патријархот изјави дека „најдобар лек против оваа состојба е будењето на националната свест“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче