Во Државната дума на Русија се разгледува предлог-закон за забрана на продажбата на алкохол на лица до 21 година, пишува весникот „Известија“.
Предлог-законот е подготвен од првиот заменик претседател на комитетот за социјална политика во Советот на Федерацијата, Вјачеслав Фетисов.
„Повеќе од 70% од нашите граѓани, според анкетата на ВЦИОМ, го поддржаа овој проект“, изјави Фетисов. „Се надеваме дека отсега, и покрај напорите на лобистите, власта ќе послуша што сака нашиот народ“.
Неговата иницијатива ја поддржува и претседателот на „Сојуз за народна трезност“, Александар Карпачев. „Ако ги растеме новите поколенија во вакви услови, тогаш нашата демографија неминовно ќе страда. Во другите земји, вклучувајќи ја и Швајцарија – веќе одамна посоти ваква забрана“, забележува Карпачев.
Во 2012 и 2013 година во Државната дума веќе биле разгледувани слични предлог-закони, но тогаш тие не ја добија соодветната поддршка од повеќето пратеници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче