Москва е изненадена од опасните изјави на новиот генерален секретар на НАТО

Реториката на НАТО не дава многу надежи за нормализирање на односите со Русија.

Москва се надева дека ќе води дијалог со НАТО, но Алијансата употребува опасна реторика и дава опасни изјави, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на официјалниот претставник на МНР на Русија, Александар Лукашевич.

„Ние, секако, ги држиме вратите за дијалог отворени. Засега, за жал, реториката и дејствата на Алијансата зборуваат дека тие не се подготвени за тоа“, изјави Лукашевич.

Тој ги спомна опасните тези, според кои Русија се трансформирала во опасност со која треба да се бори НАТО.

Освен тоа, МНР на Русија не е воодушевен од изјавите на новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според изјавите на новиот генерален секретар на НАТО, Русија и Алијансата многу тешко ќе го вратат дијалогот на нормала. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња