Парламентот на Крим го поддржува правото на Шкотите за самоопределување

Република Крим даде поддршка на шкотскиот народ пред одржувањето на референдумот за независност.

Република Крим даде поддршка на шкотскиот народ пред одржувањето на референдумот за независност.

Референдумот за независност на Шкотска ќе се одржи на 18 септември, и ако повеќето жители се искажат за одделување на државата од Обединетото Кралство, на 24 март 2016 година Шкотска ќе стане независна држава. Крим спроведе референдум за независност на 16 март, после што беше вклучен во составот на Русија, иако повеќето земји во светот, вклучувајќи ги и европските држави, не го признаа чинот на изјаснување на волјата на граѓаните на Крим.

Во парламентот на Крим сметаат дек претстојниот референдум е значајна случка за Шкотска.

„Жителите на Крим го поддржуваат правото на Шкотите самите да си решат за својата судбина, да ги определат приоритетите на економскиот и социјалниот развој на државата, да спроведуваат сопствена надворешна политика и да бидат самостоен субјект на картата на светот“, се кажува во изјавата на парламентарците на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња