Швајцарија ја одби молбата на европските произведувачи преку нејзината територија да се врши извоз на месни и млечни производи, и на тој начин да се заобиколи руското ембарго, соопшти Федералната канцеларија за земјоделство на Швајцарија.
Како што изјави претставникот на Канцеларијата, Јург Јорди, швајцарските власти бараат да се изврши сертификација, која ќе потврди дека производите кои се извезуваат ги задоволуваат хигиенските стандарди.
Меѓутоа, во случај на транзит од ЕУ тоа не може да се направи, бидејќи се работи за стока која е произведена надвор од Швајцарија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на информација од Wall Street Journal.
Претходно Европскиот млекарски совет (European Milk Board), кој ги обединува националните асоцијации на произведувачи на млечни производи, потврди дека постои намера да се пронајдат транзитни земји за европските производи. Советот ја сметаше Швајцарија и земјите од Јужна Америка како можни правци за транзит на своите производи во Русија, изјави потпретседателката на Советот, Сиета ван Кејмпема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче