Европската унија на црниот список ќе додаде уште 4 физички и 3 правни лица од Русија и Украина, соопшти за руските новинари дипломатски извор во Брисел. Списокот ќе биде објавен на 30 јули.
Комитетот на постојаните претставници од државите-членки на ЕУ овој пат се сложи на списокот да се стават лицата кои поддржуваат врски со руските политичари или имаат корист од нив. Ним ќе им бидат замрзнати сметките и ќе им биде забранет влезот во ЕУ.
Исто така, договорено е да се воведат санкции и против структурите кои, според мислењето на ЕУ, се одговорни за нарушување на територијалната целосност на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.