Русија од европските санкции може да изгуби 100 милијарди евра

Економските штети на Русија од санкциите од страна на ЕУ можат да изнесуваат 100 милијарди евра за две години.

Економските штети на Русија од санкциите од страна на ЕУ можат да изнесуваат 100 милијарди евра за две години. Слична штета може да претрпи и европската економија, изјави интернет-изданието EUobserver, цитирајќи извор запознат со дискусијата во Брисел за пакетот економски санкции против Русија.

Според зборовите на изворот, тоа посебно се однесува на економски загрозените земји од јужна Европа, посебно Италија. Минатата недела на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на земјите од ЕУ, јужните европски држави ги повикаа своите колеги да ги разгледаат негативните последици од усвојувањето на економските санкции против Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња