Канада воведе нови санкции против руските компании и банки

Премиерот на Канада, Стивен Харпер, изјави дека неговата држава ќе воведе нови санкции против повеќе лица поврзани со различни руски сектори.

Премиерот на Канада, Стивен Харпер, изјави дека неговата држава ќе воведе нови санкции против повеќе лица поврзани со различни руски сектори. Тој појасни дека санкциите се одговор на „режимот на Путин и неговата незаконска окупација на Крим, како и поради постојаната провоцирачка воена дејност во источна Украина“. Според зборовите на Харпер, соборувањето на малезискиот Боинг минатата недела покажа дека Русија и понатаму ги поддржува сепаратистичките сили, и тоа доста му штети на светскиот мир и безбедност.

Новите мерки ќе го ограничат добивањето на финансии на енергетските и финансиските организации, појасни премиерот.

Во проширениот „црн список“ на канадската влада влегоа компании како „Алмаз-Антеј“ (создавач на ПВО), концернот „Калашников“, „Базалт“ (произведувач на авио-бомби, гранати), концернот „Радиоелектронски технологии“ (произведувач на системи за локација и радиоелектронска борба), концернот „Соѕвездие“ (произведувач на телекомуникациски системи), Внешекономбанк, Гаспромбанк и други компании и банки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња