Русија очекува воздржаност од страна на Јапонија околу прашањата за воената активност, се кажува во коментар на официјалниот претставник на МНР на Русија, Александар Лукашевич во врска со донесеното решение од јапонската влада за откажувањето од самоограничувањето во одбранбената сфера.
„Не би сакале да даваме избрзани оценки во врска со решението на јапонската влада и нејзиното право за колективна самоодбрана. Сѐ ќе зависи од понатамошните нејзини чекори. Внимателно ќе ги следиме чекорите на јапонскиот кабинет на министри“, се кажува во соопштението, објавено на интернет-страницата на руското МНР.
Претходно беше соопштено дека жител на Јапонија се самозапалил, изразувајќи протест против откажувањето од самоограничувањето во одбранбената сфера на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче