Нивото на државниот долг на Русија до 2017 година ќе изнесува 15% од бруто домашниот производ на Русија. Ова мислење го даде шефот на Министерството за финансии во Русија, Антон Силуанов, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според неговите зборови, „тоа е веќе многу“, и смета дека тој показател е недопустлив. Русија зависи од нафтата и гасот. Затоа било какви измени во надворешните пазари нагло го зголемува надворешниот сегмент од долгот“, забележа министерот. Според неговите зборови, тоа создава определени проблеми со опслужувањето на самиот долг.
Претходно шефот на Министерството за финансии изјави дека до 2017 долгот секоја година ќе расте до 1 трилион рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче