Зад прекинот на реализацијата на Јужен тек стои политика, смета РФ

Поради прекинот на реализацијата на Јужен тек стојат политички мотиви. Овој став го изнесе постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.

Поради прекинот на реализацијата на Јужен тек стојат политички мотиви. Овој став го изнесе постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.

Тој нагласи дека некои официјални лица во ЕУ зборувале дека има потреба од прекин на реализацијата на проектот, сѐ додека не бидат решени проблемите со Украина. Притоа, Чижов е уверен дека на крај тој ќе биде реализиран.

Во недела бугарскиот премиер Пламен Орешарски нареди да се прекине работата врз Јужен тек поради дополнителни консултации со Европската комисија. Оваа изјава премиерот ја даде после состанокот со делегацијата американски сенатори, меѓу кои се најде и републиканецот Џон Мекејн. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња