Русите во последнава година почнаа повеќе да читаат, а најмногу во нивните раце се најдуваат детективски приказни и љубовни романи, пренесува Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).
Според податоците на ВЦИОМ, љубовните романчиња ги читаат 13% од испитаниците. Исто така, Русите ги привлекуваат детективските приказни (9%). Историски книги читаат 11% од испитаниците.
Анкетата покажа дека Русите сѐ повеќе читаат. Во последните три месеци од оваа година тие прочитале 4,55 книги, додека во 2011 година тој показател изнесуваше 3,94 книги.
35% од испитаниците изјавиле дека воопшто не читаат книги.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче