Работата на гасоводот „Јужен тек“ преку територијата на Србија и Бугарија оди според планот, потврди Сергеј Наришкин, претседател на Државната Дума во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.
Одговарајќи на прашањето за притисокот кој се врши врз Србија за гасоводот, Наришкин изјави дека во „реализацијата на таквите големи инфраструктурни проекти како „Јужен тек“, се појавуваат различни ризици и очигледно е дека денес постои притисок на еден наш партнер со униполарен поглед на светот. Очигледен е притисокот врз нашите партнери со кои постигнавме договор за заедничка работа на овој проект“, изјави Наришкин.
„Меѓутоа, нашите српски партнери и колеги во Русија ме убедуваат дека сѐ се одвива според планот. Што се однесува до Србија, сите одлуки досега се усогласени“, изјави Наришкин, додавајќи дека првите испораки на гас низ Србија се планирани за 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче