Руските научници изјавија дека се подготвени за колонизација на Месечината. Проектот на претстојната концепција е подготвен од соработниците на Руската академија на науки, Федералната вселенска агенција „Роскосмос“ и универзитетот МГУ.
Според мислењето на авторот на проектот, во наредните децении светските вселенски држави ќе бидат конкуренти за освојување на најудобните реони на Месечината, и затоа е потребно Русија да покаже акција.
Планирано е на Земјиниот сателит да се создаде база и полигон кои понатаму би послужиле за производство на руда. Според зборовите на научникот, првите населби би биле изградени на половите на Месечината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче