Поддршката на дејноста на Путин во Русија достигна рекордни 80%. Ова следува од резултатите на анкетата на Левада-центар, објавени на интернет-страницата на организацијата.
Притоа, повеќе од половина од анкетираните (60%) се уверени дека државата се движи во правилната насока. Спротивното мислење го делат 26% од анкетираните, а работата на претседателот не ја одобруваат само 18%.
Според ова, овој показател за работата на Путин се приближи до неговиот максимален рејтинг во 2008 - 85%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.