Германската канцеларка, Ангела Меркел, во својот говор во парламентот на Германија изјави дека лидерите на ЕУ ќе соопштат за својата подготвеност за засилување на мерките против Русија, вклучувајќи и воведување на економски санкции за време на самитот кој започнува во четврток. Ова го пренесува Ројтерс.
„На следниот самит ќе стане јасно дека ние сме подготвени во било кое време да ја спроведеме третата фаза мерки доколку ситуацијата се влоши“, изјави Меркел.
Претходно Меркел изјави дека Русија ризикува голема економска и политичка штета, доколку не ги ревидира своите дејства околу Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче