Ситуацијата во руската економија е стабилна, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, отворајќи го во Сочи заседанието на Економскиот совет, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
Според резултатите од 2013 година, и покрај познатите проблеми во глобалната економија, руската економија покажа позитивна динамика, порасна за 1,3%, додека во исто време, повеќето економии во светот покажаа скромен резултат, забележа Путин. На пример, италијанската економија падна за 1,9%, економијата на Франција порасна за 0,2%, Германија - 0,4%, а Јанпонија - за 1,6%.
Позитивната динамика е зачувана и во првите месеци од годинава. Притоа, невработеноста и инфлацијата се намалени. Но за нас тој раст не е доволен, додаде Путин, предлагајќи им на членовите на Советот да дебатираат за тековните проблеми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче