Руските региони можат да префрлат околу 3-4 милијарди рубљи како финансиска помош за жителите на Крим. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на шефот на комитетот во Советот на Федерацијата за буџет и финансиски пазари, Сергеј Рјабухин.
На заседанието на комитетот бил одобрен проект за доделување финансиска и материјална помош на жителите на полуостровот.
„Сенаторите, исто така, се подготвени да дадат дел од своите плати за тие цели. Сметам дека нашите колеги ќе се откажат до 50% од своите плати за да им помогнат на жителите на Крим“, заклучи Рјабухин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче