Надежда Толоконикова рекламирала моден бренд

Модната веб продавница Трендс Брендс ја искористи шансата за да се здобие со бесплатен публицитет.

Модната веб продавница Трендс Брендс ја искористи шансата за да се здобие со бесплатен публицитет. Членката на Пуси Рајот, Надежда Толоконикова, која неодамна беше пуштена од затвор, ги поминала првите денови на слобода во облека која што е дел од колекција на компанијата. Трендс Брендс самите ја имаат објавено оваа вест преку нивниот блог.

Но, овој ПР потег ја остави публиката поделена. Поради озлогласеноста на панк рок бендот, некои од потрошувачите велат дека повеќе нема да купуваат од Трендс Брендс.

Инаку, според руската интернет статистика објавена од Јандекс, веб страна која што привлекла најмногу посети во 2013 било писмото од членката на Пуси Рајот, Надежда Толоконикова, насловено како „Сега постојано ќе бидете казнувани“.Писмото било напишано додека Толоконикова ја издржувала својата казна во затворот во централната руска провинција Мордовија. Втора најголема вест на годината е метеоритот Челабинск.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња