Снежно невреме во Сахалин

Вчера Сахалин беше зафатен од снежно невреме. Како што соопштува Министерството за вонредни состојби (МЧС), невремето е предизвикано од моќен снежен циклон кој дува од правецот на Јапонското море.

Вчера Сахалин беше зафатен од снежно невреме. Како што соопштува Министерството за вонредни состојби (МЧС), невремето е предизвикано од моќен снежен циклон кој дува од правецот на Јапонското море.

Се очекува во одредени подрачја на Сахалин во текот на викендов да паднат по 20 см снег, а ветерот ќе дува со брзина од 15-20 метри во секунда, пренесува МЧС.

Поради невремето затворен е аеродромот во Јужно-Сахалинск, а не сообраќа и траектот кој го поврзува островот со континентот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња