Во Москва започна изградбата на првиот храм во чест на Николај II

Москва го доби првиот храм посветен на последниот руски император, Николај II. Храмот се гради во јужниот дел на градот. На местото на изградба на храмот на 8 декември беше служен свечен молебен, а потоа беше поставен и осветен поклоничкиот крст.

„Оваа година Русија одбележува 400-годишнина од создавањето на династијата Романови, и затоа е многу важно во нашиот главен град да се појави првиот храм во чест на царот Николај II“, изјави свештеникот Тимофеј Куропатов.

Според проектот, храмот ќе има централна купола, околу која ќе се наоѓаат уште четири помали куполи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.