Лавров: БРИКС имаат значителна улога во развојот на меѓународната економија

БРИКС за пет години од своето постоење се претворија од политички проект во конкретна реалност, се кажува во воведното слово на шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

БРИКС за пет години од своето постоење се претворија од политички проект во конкретна реалност, се кажува во воведното слово на шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров пред учесниците на меѓународната конференција „Граѓанското општество и меѓународното партнерство во областа на образованието, науката, културата, екологијата и бизнисот“.

„Државите БРИКС играат значајна улога во зацврстувањето на финансиско-економската стабилност во светот, играјќи улоги на локомотиви во развојот на меѓународната економија“, додаде министерот.

Членови на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња