Втората атомска подморница од проектот „Бореј“ ќе биде предадена на Морнарицата

Стратешката атомска подморница од класата „Бореј“ - „Александар Невски“, ќе биде предадена на Воено-морската флота на Русија во вторник, пренесе за РИА Новости извор од воено-индустрискиот комплекс.

Стратешката атомска подморница од класата „Бореј“ - „Александар Невски“, ќе биде предадена на Воено-морската флота на Русија во вторник, пренесе за РИА Новости извор од воено-индустрискиот комплекс.

„Документот за предавање на подморницата ’Александар Невски’ ќе се потпише на 12 ноември“, изјави претставникот на воено-индустрискиот комплекс за РИА Новости.

Подморницата „Јуриј Долгоруки“ од истиот проект беше предадена на Морнарицата кон крајот на 2012 година. На 6 септември годинава беше донесена одлука од рускиот министер за одбрана да се паузира со предавањето на другите подморници од овој проект поради неуспешното лансирање на балистичката ракета „Булава“ од „Александар Невски“. Испитувањата потоа продолжија според планот.

Атомските подморници од проектот “Бореј“ се долги околу 170 метри, широки се 13,5 метри и имаат депласман од 24.000 тони. Можат да носат до 10 нуклеарни блокови со индивидуално наведување, чиј радиус на дејство е до 8.000 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња