Најбаран хакер од страна на FBI е рускиот граѓанин Алексеј Белан. Како што соопштува UPI, бирото го обнови списокот на најопасни и осомничени граѓани за извршување на сајбер-напади, и во списокот се додадени уште пет имиња, вклучувајќи го и името на Белан. Русинот е прв на списокот.
За информација околу Белан FBI предлага 100.000 долари. Хакерот е обвинет за компјутерски упад, крадење на лични податоци и измама.
„Белан е граѓанин на Руската Федерација и има руски пасош“, забележаа во FBI.
Во листата на 10-те најбарани хакери во светот се најдоа уште тројца Руси.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче