И покрај сите намалувања на трошоците - на пратениците во Русија им ги зголемија платите

Државната дума на Русија го поддржа предлогот на владата и ја зголеми минималната плата во државата до 5.554 рубљи (126 евра) од 1 јануари 2014 година. Пратениците признаа дека таа плата е срамно мала. Но стискајќи ги копчињата „за“, тие однапред знаеја – нивните плати од 1 септември се поголеми за 60%.

Владимир Путин на 1 октомври го потпиша указот за зголемување на платите на различни категории работници. Федералните министри ќе добијат поголеми плати – и тоа од сегашните 751 евро – 1.183 евра. Реалната плата на министерот со сите додадени коефициенти досега изнесуваше околу 3.900 евра, а со зголемувањето – речиси 6.000 евра.

Депутатите и сенаторите во Русија со закон имаат ист социјален статус како и федералните министри, што значи дека автоматски тој указ се однесува и на нив.

Платата на пратениците во Русија, доколку се пресметаат сите додатоци – сега во просек ќе изнесува околу 6.800 евра.

Средната плата во Русија во моментов изнесува 660 евра. Со новите плати на министрите, пратениците и другите чиновници, разликата меѓу просечната плата на обичниот граѓанин и платата на високите чиновници ќе биде 8, па дури и 10 пати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња