Американскиот сенатор Мекејн, коментирајќи ја усвоената резолуција на ОН за Сирија, изјави дека е „длабоко разочаран“ од тоа што текстот на резолуцијата не предвидува никакви последици за режимот на Башар Асад во случај тој да не ги исполни своите обврски.
„Русија непрекинато повторува дека нема да поддржи сериозни санкции против Сирија кои би можеле да бидат воведени во случај Сирија да не ги исполни своите обврски“, изјави Мекејн за Си-Би-Ес.
„Можам да ви кажам дека борбениот дух на Слободната сириска армија е нарушен... Опозицијата се чувствува изневерено. И јас сум доста вознемирен“, призна Мекејн.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче